Connect with us

Македонија У16 поразена од Азербејџан

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена со 2-1 од соодветната селекција на Азербејџан на вториот контролен натпревар одигран меѓу овие две селекции во Скопје.


На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Дашмир Беари имаа предност со 1-0 до пред самиот крај на мечот, но противникот со два брзи гола успеа да направи комплетен пресврт и стигна до победа.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Македонија во 60. минута преку Хисар Али поведе со 1-0. Во 87. минута Фарзулијаев го израмнува резултатот. Истиот играч во последната минута од судиското продолжение постигна нов погодок за пресврт и победа на селекцијата на Азербејџан.

Македонија: Игор Ристов, Лука Атанасовски, Здравко Перески, Хисар Али, Каменчо Андоновски, Беркај Шаини, Онур Бешир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Адмир Латифи, Давид Ивановски;
Селектор: Дашмир Беари;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови