Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 1-0 против Косово на контролниот меч одигран во Приштина.
Јован Јанчевски во 15. минута го постигна голот за победа на Македонија.
Селекцијата предводена од Горан Станковски сосема заслужено се радуваше на победа. Во текот на мечот имавме неколку прилики и за поубедлив резултат, но не ги искористивме.
Во првото полувреме, Таири и Аврамовски имаа свои неискористени шанси, а голот го постигнавме откако Стојановски упати центаршут, а Јанчевски одлично реализираше.
Во продолжението, Стојановски имаше 100% шанса по соло акција, но поуспешен беше домашниот голман. Алију, Христов и Петков, исто така, се најдоа во прилики, но шутираа покрај голот. Ударот на Таири го одбрани голманот на Косово.
Македонија У15: 1. Марио Стојковски, 2. Хамза Зубери (59’ Амар Незири), 3. Ејман Емини (83’ Јоан Ѓорѓиевски), 4. Давор Танески (63’ Дин Баталоски), 5. Дин Рожајац (73’ Ариан Исаку), 6. Калин Аврамовски, 7. Стефан Стојановски (83’ Филип Богоевски), 8. Васко Трајков (73’ Павел Димоски), 9. Јован Јанчевски (59’ Фисник Амити), 10. Борис Матески (59’ Доротеј Христов), 11. Виган Таири (59’ Драган Петков); селектор: Горан Станковски.
Косово У15: 1. Енгјел Бејтулаху, 2. Ринор Дурмиши (77’ Мал Красниќи), 3. Бленди Малиќи, 4. Лендрит Кодра (64’ Јон Пирева), 5. Енсар Реџепи, 6. Тринт Феризи (62’ Арт Ризани), 7. Гент Становци (62’ Дијели Муниши), 8. Едмонд Арлтати, 9. Ендри Авдиметај, 10. Бленард Морина (45’ Орик Абази), 11. Месуд Зимерии (26’ Дион Тупела);
Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат на 25. септември во 13:00 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













