Connect with us

Македонија со пад од две позиции на ФИФА-листата

Репрезентацијата на Македонија забележа пад од две позиции на најновата ФИФА ранг-листа и сега се наоѓа на 69. место во светот. Нерешениот резултат против Босна и Херцеговина и убедливиот пораз од Турција со 4-0 влијаеја врз намалувањето на рејтингот на националниот тим.

Пред Македонија на листата се искачија Капе Верде и Обединетите Арапски Емирати.

На самиот врв има промена. Аргентина повторно е број еден во светот, откако ги престигна Шпанија и Франција. Шпанија сега е втора, додека Франција падна на третата позиција.

Меѓу десетте најдобро рангирани селекции се наоѓаат уште Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови