Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има можност преку Лигата на нации, и секако дополнителен бараж, повторно да се најде на Европско првенство, овојпат на собирот на најдобрите во 2024 во Германија. УЕФА денеска го објави патот кон ЕВРО 2024 во Германија.
Преку европските квалификации 20 селекции ќе обезбедат директен пласман, првите две селекции од десет групи, додека последните три патници ќе бидат познати преку Лигата на нации и тоа со бараж-фајналфор во дивизиите А, Б и Ц.
Македонија сега се наоѓа во дивизијата Ц и ќе игра против Бугарија, Грузија и против Гибралтар.
Квалификацискиот систем за ЕВРО 2024 останува ист како и досега. Ќе има десет групи, пет со по пет селекции и шест со по шест селекции, а натпреварите почнуваат идната 2023 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski