Македонија ЃП одигра 2-2 на градското дерби против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“. Клубот од Ѓорче Петров реагира на судењето на Дејан Неделкоски и тврди дека двата гола на Работнички се постигнати од офсајд позиции, а како потврда испрати и видео-материјал.
„Судии како Дејан Неделковски не заслужуваат да носат знак на ФИФА, кога на еден дерби натпревар не може да увиди два офсајди по кои се постигнати два гола и тоа на штета на еден клуб. Ако немаше намера да нè оштети, тогаш е јасно дека нема капацитет да суди вакви важни натпревари. Сакаме да потенцираме дека ниту еден судија или пак некој друг, ќе нè спречи во намерата да избориме излез во Европа ова лето. Единствено што бараме е судиската организација да ги отвори очите и да ги санкционира судиите што прават грешки, бидејќи и на други натпревари бевме оштетени сезонава поради нивни одлуки“, вели Нестор Матевски, спортскиот директор на Македонија ЃП.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski