Македонија ЃП продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната. Откако вчера беа претставени Огузан Ајдоган и Стефан Лазаревиќ, клубот од Ѓорче Петров промовираше уште три нови имиња во својот состав.
Нов член на „лавовите“ е српскиот напаѓач Стеван Николиќ. Станува збор за 23-годишен офанзивец кој во кариерата настапувал за младинските категории на Црвена Звезда и Партизан, а интернационално искуство стекнал во Словенија, каде ги носеше дресовите на Марибор, Табор Сежана и Кршко. Неговиот последен ангажман беше во српски Трајал, а во Македонија доаѓа како слободен агент.
Вториот нов фудбалер е 20-годишниот стопер Малик Хамзиќ. Тој досега беше дел од Силекс, каде забележа два настапи, по што одлучи да побара нов предизвик. Претходно настапуваше за Гостивар, како и за младинските тимови на Работнички.
Третото засилување е Кристијан Таневски, кој исто така игра во одбраната. Тој пристигнува од редовите на Саса, а за него ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи во минатото беше дел од младинските категории на Македонија ЃП, како и на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













