Connect with us

Македонија ЃП го победи Работнички, Тиквеш го декласира Арсими

Македонија ЃП и Тиквеш ги добија денешните битки за опстанок во 21.коло од Првата лига. “Лавовите” го совладаа Работнички со 3-1 во Ѓорче Петров, додека Тиквеш беше убедлив и го декласира Арсими со 0-5 во Гостивар.

Работнички поведе во 13.минута со голот на Талаков, но Македонија ЃП имаше добар финиш на првиот дел. Али Адем успеа да израмни во 38.минута, а Филип Стојчевски се погрижи за пресврт во 45.минута.

Во 57.минута се случи комичен потег од одбраната на Работнички. Крантове ја врати топката до Ондоа, голманот на Работнички ја промаши топката и таа заврши во голот.

Тиквеш уште полесно славеше против Арсими со 0-5. По половина час гостите водеа со три гола разлика и беше јасно дека ќе стигнат до убедлив триумф.

Мартин Стојанов и Гуел експресно дадоа два гола, а потоа стрелаше и Лусианињо.

Во вториот дел погодија и Сила и Голубов за конечни 0-5.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови