Connect with us

Македонија ЃП го отпушти тренерот Александар Таневски

Цената за високиот пораз на Македонија Ѓорче Петров од Брегалница (4-1), ја плати тренерот Александар Таневски. Тој повеќе не е на тренерското столче на “лавовите”, и како резултат на ова, тие ќе бидат во потрага по нов предводник деновиве. Ова е второ заминување за Таневски од кормилото на ѓорчепетровци.

На последните два дуели против Брегалница и Тиквеш, Македонија ЃП не успеа да обезбеди победа, а одлучувачки беа и поразите од Работнички и Академија Пандев, како и ремито против Ренова.

Интересен факт е што последната победа за Таневски беше на 28 август на домашен терен против Борец.

Иако екипата на Македонија ЃП одлично ја започна новата сезона во ПМФЛ, сепак моментно, тимот се наоѓа на деветата позиција на табелата со 10 бода на исто толку натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови