Македонската фудбалска репрезентација денеска во Брисел (18 часот) ќе ги добие ривалите за новото издание на Лигата на нации на УЕФА, а за првпат ќе настапува во Б-лигата, што претставува сериозен исчекор и најголем предизвик досега. За разлика од претходните циклуси, сега ќе се соочи со поквалитетни противници – селекции кои припаѓаат на европскиот врв или редовно се дел од големите турнири.
Нашата репрезентација ќе ја чека ждрепката од четвртиот барабан, заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово. Теоретски најповолна комбинација би била група со Израел, Украина и Словенија или Романија, но можни се и многу потешки сценарија со селекции како Шкотска, Полска, Швајцарија, Грузија или Ирска.
„Самите се доведовме во позиција да играме во поквалитетен сегмент. Го заслуживме тоа со прикажаното на натпреварите од Ц сегментот. Лига Б носи силна конкуренција, но токму тоа е предизвикот. Без разлика кој ќе ни биде противник, мора да бидеме подготвени и физички и ментално, да го држиме високиот ритам на секој натпревар“, вели капитенот на националниот тим, Енис Барди.
Во претходното издание Македонија доминираше во Ц-лигата, освојувајќи 16 од максималните 18 бодови. Со тоа обезбеди промоција во повисок ранг, но и можност преку бараж да се бори за место на Светското првенство. Лигата на нации има посебно значење за нашиот национален тим, бидејќи токму преку ова натпреварување во 2021 година беше изборен историскиот пласман на Европското првенство.
Новата сезона од Лигата на нации започнува на 24 септември и ќе трае до 17 ноември, кога ќе заврши групната фаза. Во текот на септември, октомври и ноември ќе се играат по две кола. Четвртфиналните дуели и плејофите се закажани од 25 до 30 март 2027 година, финалниот турнир во А-лигата ќе се одржи од 9 до 13 јуни 2027, а баражот за Европското првенство е предвиден за периодот од 23 до 28 март 2028 година.
Барабани по лиги
А-лига
1: Португалија, Шпанија, Франција, Германија
2: Италија, Холандија, Данска, Хрватска
3: Србија, Белгија, Англија, Норвешка
4: Велс, Чешка, Грција, Турција
Б-лига
1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
2: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија, Украина
3: Словенија, Грузија, Република Ирска, Романија
4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово
Ц-лига
1: Исланд, Албанија, Црна Гора, Казахстан
2: Финска, Словачка, Бугарија, Ерменија
3: Белорусија, Фарски Острови, Кипар, Естонија
4: Летонија или Гибралтар, Луксембург или Малта, Молдавија, Сан Марино
Д-лига
1: Азербејџан, Литванија, Гибралтар или Латвија, Малта или Луксембург
2: Лихтенштајн, Андора
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













