Connect with us

Македонија домаќин на квалификациските турнири за селекциите до 17 и до 19 години

Младинските репрезентации на Македонија, репрезентациите до 17 односно 19 години ги дознаа противниците за следните квалификациски предизвици.


Македонската репрезентација до 17 години ќе биде дел од групата 9, а противници ќе ни бидат селекциите на Франција, Исланд и Луксембург.


Нашата селекција до 19 години е во групата 10 заедно со репрезентациите на Србија, Норвешка и Сан Марино.
Фудбалската федерација на Македонија ќе биде организатор и домаќин на двата квалификациски турнири за пласман во Елитна фаза квалификации за Европските младински првенства во 2023 година. Квалификациските турнири се закажани за ноември следната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови