Бугарскиот гигант ЦСКА Софија ангажираше Македонец во стручниот штаб. Младиот аналитичар Христијан Христов се приклучува на стручниот тим на ЦСКА Софија и во иднина ќе работи како аналитичар на противниците на овој клуб.
„Да бидам дел од најголемиот бугарски клуб како тактички аналитичар во првиот тим за мене претставува огромна чест и задоволство. Можноста да работам на ова ниво на само 24 години е практично остварување на еден сон за мене. Бескрајно сум благодарен на Никола Ѓошевски и Александар Јовков што ми овозможија да работам и бидам дел од ЦСКА Софија“, изјави Христијан Христов за Макфудбал.
Во минатото во ЦСКА Софија како тренери работеа Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски, а за бугарскиот тим имаат настапувано неколку македонски фудбалери како Љупчо Марковски, Артим Шаќири, Бобан Бабунски, Саша Ќириќ…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski