Мајкл Олисе постигнал договор за продолжување на соработката со Баерн Минхен и покрај силниот интерес од Реал Мадрид, пренесуваат германските медиуми. Според најавите, францускиот офанзивец ќе потпише нов договор со важност до 2030 година, со значително зголемување на платата.
Со новите услови, Олисе ќе стане еден од најплатените фудбалери на баварскиот гигант, веднаш до Хари Кејн. Баерн на тој начин сака да го задржи еден од своите најважни играчи и да обезбеди стабилност во офанзивната линија за следните сезони.
Олисе пристигна во Минхен во летото 2024 година од Кристал Палас, во трансфер вреден околу 60 милиони евра. Французинот брзо се адаптираше на новата средина и се наметна како еден од клучните играчи во тимот на Венсан Компани.
Неговата техника, брзина и способност да создава шанси го направија едно од најуспешните засилувања на Баерн во последните години. Одличните настапи дополнително ја зголемија неговата вредност на фудбалскиот пазар, која според наведените процени достигнува 180 милиони евра.
Во досегашните 116 настапи за Баерн, 24-годишниот крилен напаѓач има учинок од 50 гола и 58 асистенции. Неговото останување би било значаен потег за германскиот шампион, кој сака да ја задржи основата на тимот и во наредните сезони.
Сепак, договорот сè уште треба да биде официјално потврден од клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













