Connect with us

Мајкл Карик посакува да остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона: „Свесен сум за улогата и одговорноста која ја носам“

Мајк Карик, кој е назначен за времен менаџер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, доби прв сигнал дека би сакал да остане на „Олд Трафорд“ како постојан стратег и на подолг рок.

Карик го презеде кормилото на „црвените ѓаволи“ привремено, по отказот на Рубен Аморим на 13 јануари, и до неодамна избегнуваше разговори за својата долгорочна иднина во клубот.

„Искрено, ништо не се променило. Јас сум свесен за улогата и одговорноста која ја носам. Нашата цел е да бидеме успешни, и сакам клубот да продолжи да се развива и по завршувањето на сезоната – без разлика дали тоа ќе сум јас или некој друг. Засега не можам да влијаам на тоа, ќе видиме што ќе се случи. Мојот фокус е да го подобриме тимот и да го направиме Манчестер Јунајтед посилен“, изјави Карик.

Тој потенцира дека краткорочните резултати не ја менуваат неговата визија.
„Не може да се промени сѐ за само неколку натпревари. Ја сакам оваа работа, се чувствувам како дома, но целосно ја разбирам ситуацијата и не дозволувам емоциите да преовладуваат“, додаде Карик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови