Манчестер Јунајтед игра одлично под раководство на Мајкл Карик, стигна и до третата позиција на табелата, па раководството на клубот е подготвено да го направи следниот потег.
Иако се говореше за многу звучни имиња на “Олд Трафорд”, сепак, Мајкл Карик одлично се снајде, го стабилизираше тимот по заминувањето на Рубен Аморим и сега е најсериозен кандидат да ја задржи менаџерската позиција и во наредниот период.
Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди тригодишен договор на привремениот менаџер. Мајкл Карик во наредните три сезони на “Олд Трафорд” би заработил 16 милиони евра, плус дополнителни бонуси за успеси и трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













