Connect with us

Мајк Мењан ќе остане во Милан до 2031 година

Голманот Мајк Мењан е блиску до продолжување на договорот со Милан. Тој треба да стави потпис на нова соработка која ќе важи до 2031 година.

„Росонерите“ му понудиле на 30-годишниот француски чувар на мрежата плата од 5,7 милиони евра по сезона. Тоа е истата плата која ја добива и Рафаел Леао, кој моментно е најплатениот фудбалер во тимот.

Се очекува Мењан и раководството на Милан во наредните денови да ги финализираат преговорите и да го потпишат новиот договор.

Тренерот на италијанскиот гигант, Масимилијано Алегри, силно инсистира Мењан да биде задржан, гледајќи во него клучна фигура на тимот за годините што следуваат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови