Connect with us

Мадридското дерби без победник: Суарез погоди, Бензема возврати (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа 1-1 во градското дерби и се чини дека најмнигу одиграа за третиот конкурент за титулата, Барселона. Жестоката пресметка ја отвори Луис Суарез со одличен гол во 15.минута. Уругвајскиот интернационалец доби употреблива топка во шеснаесетникот и мајсторски со надворешно ефе ја смести топката во мрежата на Тибо Куртоа. 

„Кралевите“ долго се обидуваа да возвратат. Кашемиро, Асенсио, Валверде, Бензема се обидуваа, а на крајот тоа му успеа на францускиот интернационалец. Во 88.минута постигна погодок за израмнување. Во судиското продолжение, Лука Модриќ се обиде од слободен удар да донесе и триумф за „кралевите“, но не беше прецизен.

Атлетико Мадрид е на врвот со 59 бода и натпревар помалку, второпласирана е Барселона со 56 бода, а Реал Мадрид има 54. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови