Вардар го совлада Башкими со 1-0 на комплексот на ФФМ и се зацврсти на првата позиција на табелата, но во фокусот ќе останат мачните сцени пред крајот на натпреварот. Судијата Бењамин Керими му покажа црвен картон за приговор на Реџеп Мурати, тоа предизвика немили сцени, па дури и кратка физичка пресметка, се вмешаа фудбалери, двете клупи…

Стефан Цветковиќ беше стрелец на единствениот гол на овој натпревар. Српскиот интернационалец погоди во последните моменти од првото полувреме.
Данев шутираше од 16 метри, голманот Јашар ја одби топката, а таа дојде до Цветковиќ кој успеа да ја затресе мрежата.

Вардар имаше шанси за втор гол преку Димитар Тодоровски кој ја погоди стативата и Азер Омерагиќ, а Башкими можеше до израмнување во финишот откако Луис Рибеиро зафати волеј-удар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













