Connect with us

Лунин ќе остане „крал“, Реал одби неколку понуди за него

Украинскиот голман Андриј Лунин ќе остане во Реал Мадрид и ќе продолжи да ја има улогата на втор голман во тимот, зад неприкосновениот Тибо Куртоа, пренесува „АС“.

Истиот извор наведува дека Реал Мадрид одбил неколку сериозни понуди за Лунин, кој бил посакуван од други клубови за време на јануарскиот преоден рок.

Лунин во летните преодни рокови во 2024 и 2025 година размислувал за заминување од Мадрид, но во двата случаи на крајот одлучил да остане. Во меѓувреме, украинскиот голман го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до 2030 година.

Во Реал го сметаат за идеална замена за Куртоа и не сакаат да се откажат од неговите услуги, и покрај интересот од други клубови.

Лунин секогаш ги користел шансите што ги добивал во мадридскиот тим, а неговото најдобро издание го имаше во 2024 година, кога Куртоа беше надвор од терените поради тешка повреда. Украинецот тогаш беше еден од хероите на Реал во освојувањето на Лигата на шампионите.

Својот квалитет повторно го потврди и на неодамнешното „Ел Класико“, кога забележа шест одбрани во победата на Реал Мадрид над Барселона на гостински терен (2-1).

Сепак, се очекува на следниот натпревар против Расинг Сантандер повторно да се пресели на клупата, бидејќи Куртоа се опорави од грипот и ќе му се врати на голот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови