Шпанија е на добар пат кон финалето на Светското првенство, откако по првите 45 минути од полуфиналната пресметка со Франција има минимална предност од 1-0.
„Црвената фурија“ ја искористи својата најголема шанса во првото полувреме. Во 22. минута Ламин Јамал беше соборен во шеснаесетникот од Лукас Дињ, а главниот судија покажа на белата точка. Микел Ојарзабал ја презеде одговорноста и прецизно реализираше за водство на европскиот шампион.
GOL | Fransa 0-1 İspanya
— Goller Cebinde (@gollercebinde_1) July 14, 2026
⚽️ 22' Oyarzabal (P) pic.twitter.com/tgvYGQMGiu
Шпанија во досегашниот тек од натпреварот изгледа нешто поопасно и поконкретно, контролирајќи го темпото со својот препознатлив посед на топката. Во 38. минута, по одлична колективна акција, Фабијан Руиз имаше одлична можност да го удвои резултатот, но неговиот удар не заврши во мрежата.
Франција не успева да го најде вистинскиот ритам во нападот. „Триколорите“ имаат проблеми да ја пробијат компактната одбрана на Шпанија и во првото полувреме не создадоа сериозна прилика пред голот на Унаи Симон.
Избраниците на Дидие Дешамп ги очекуваат уште 45 минути во кои ќе мораат да покажат многу повеќе доколку сакаат да го продолжат патот кон финалето на Мундијалот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













