Connect with us

Лукаку се врати во Неапол по „бегство“ од речиси два месеца

Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, се врати во Неапол. Како што пренесува „Football Italia“, повикувајќи се на „CalcioNapoli24“, белгискиот фудбалер пристигнал во Италија со приватен авион во неделата навечер.

Се очекува во најскоро време тој да одржи состанок со раководството на Наполи и тренерот Антонио Конте, со цел да се обиде да ги нормализира односите.

Во март, 32-годишниот напаѓач го напушти кампот на белгиската репрезентација, одлучувајќи да се фокусира на подобрување на физичката форма. Не се врати во Неапол. Тој тренирал во Белгија со личен тренер, без согласност од клубот.

Ставот на Наполи беше дека Лукаку мора да се врати во тимот до 31 март, во спротивно ќе биде отстранет од составот. Бидејќи не се појави на тренинг на одредениот датум, клубот одлучил да го казни за недозволено отсуство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови