Connect with us

Лука Станковски избран во тимот на колото во Украина

Македонскиот репрезентативец Лука Станковски продолжува со одличните партии во дресот на украинскиот прволигаш Колос. По неодамнешната репрезентативна пауза, офанзивецот блесна на теренот и заслужено се најде во тимот на колото во шампионатот на Украина.

Лука ​Станковски беше еден од клучните играчи во триумфот од 0-2 на гостувањето против Верес Ривне, постигнувајќи го вториот гол во 53. минута со кој ја потврди победата на својот тим.

​Со овие нови три бода, Колос се искачи на осмата позиција по девет одиграни натпревари (со вкупно 11 бода). Младиот македонски фудбалер максимално ја користи довербата и минутажата на тренерот, враќајќи му на најдобар можен начин – со голови и асистенции на последните два дуела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови