Лука Модриќ уште еднаш се покажа како херој на Милан. Хрватскиот ветеран го реши гостувањето кај Пиза со погодок во 85. минута, носејќи им триумф од 1-2 на „росонерите“ во 25. коло од Серија А.
Со овој гол, постигнат на возраст од 40 години, пет месеци и четири дена, Модриќ испиша нова страница во историјата на италијанскиот фудбал. Тој стана третиот најстар стрелец во историјата на Серија А, продолжувајќи да ги поместува границите и да докажува дека класата е вечна.
Ова беше негов втор погодок сезонава во лигата. Првиот го постигна во септември, кога веќе влезе меѓу највозрасните стрелци во натпреварувањето, а со најновиот гол ги надмина легендите како Пјетро Виерховод, Фабио Кваљарела и Силвио Пиола.
Пред него на вечната листа остануваат само двајца поранешни асови на Милан, Златан Ибрахимовиќ и Алесандро Костакурта. Ибрахимовиќ својот последен гол во Серија А го постигна со 41 година, пет месеци и 15 дена, додека Костакурта се запиша меѓу стрелците на 41 година и 25 дена.
Тоа значи дека Модриќ сезонава повеќе не може да ги достигне, но самиот факт што на 40 години решава натпревари и влегува во одбрано друштво на легенди е уште еден доказ за неговата извонредна кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













