Изгледа дека тоа е тоа… Лука Модриќ ја донел конечната одлука и нема да ја менува. По Светското првенство ќе стави крај на својата богата фудбалска кариера.
По неколку недели размислување, Модриќ решил по претстојниот Мундијал дефинитивно да ги закачи копачките. Неговата желба е уште еднаш, со капитенската лента на раката, да ја предводи Хрватска на големо натпреварување.
Од друга страна, главната причина за ваквата одлука е фактот што Милан не успеа да обезбеди пласман во европските натпреварувања за следната сезона.
Во клупската кариера Модриќ има одиграно 932 натпревари, постигнато 99 голови и забележано 143 асистенции. За хрватската репрезентација настапи на 197 натпревари и постигнал 28 голови. Евидентно е дека на Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе ја пробие и бројката од 200 настапи за Хрватска и ќе стави крај на кариерата.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













