Connect with us

Лука Модриќ добива нов договор од Реал Мадрид

Лука Модриќ иако има 36 години, сепак е еден од клучните играчи на Реал Мадрид. Поради ова, клубот е подготвен да ја продолжи соработката со хрватскиот играч за врска до 2023 година.


Со месеци се размислува за продолжување на соработката, но се чини дека новиот договор ќе биде готов многу брзо. Неговиот актуелен договор истекува следното лето.

Лука Модриќ е дел од „кралскиот клуб“ од 2012 година со 408 настапи, 28 гола и 66 асистенции.

Мадриѓаните синоќа го победија Интер во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите и како првопласирани одат понатаму. Лука Модриќ за првпат беше капитен на тимот на „кралевите“. Викендов ги очекува градското дерби со актуелниот шампион во Ла Лига, Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови