Connect with us

Луис Суарез ќе игра уште една година за Интер Мајами

Уругвајскиот напаѓач на Интер Мајами, Луис Суарез, е подготвен да потпише нов договор со клубот, тврди „The Athletic“.

Според изворот, Суарез е спремен да стави потпис на нов договор до крајот на сезоната 2026. Клубот од Мајами оваа година го освои Купот на МЛС, но Уругваецот не беше во почетниот состав на последните четири натпревари од плејофот.

Актуелниот договор на 38-годишниот уругвајски напаѓач со Интер Мајами истекува на 31 декември оваа година.

Претходно беше објавено дека другиот ѕвезден напаѓач на клубот, Лионел Меси, потпишал нов тригодишен договор и ќе остане со екипата до крајот на 2028 година, што речиси сигурно значи дека осумкратниот освојувач на „Златната топка“ ќе ја заврши својата играчка кариера токму во дресот на Интер Мајами.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови