Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше воодушевен по победата на пенали против Фламенго во финалето на Интерконтиненталниот куп. Ова беше шестиот трофеј што неговиот тим го освои во текот на 2025 година, а шпанскиот стратег истакна дека ПСЖ повторно испишал историја.
„Уште еднаш создадовме историја! Во текот на целата оваа неверојатна и незаборавна 2025 година го покажувавме истиот менталитет. Очигледно е дека сме среќни – за нас самите, за клубот и за нашите навивачи. Ова е прекрасно чувство и мора да продолжиме во ист правец“, изјави Енрике.
Тој дополнително се осврна и на односот со навивачите:
„Чувствуваме силна поврзаност со нашите фанови. Тоа е врска што ја чувствуваме на секој натпревар на ‘Паркот на принцовите’, но и на секое гостување. Исклучително сме задоволни. Сега треба малку да се одмориме – нè очекува уште еден натпревар во Купот на Франција, а потоа кратка божиќна пауза. Мислам дека тимот има идеална комбинација од искусни и млади фудбалери и навистина сме многу задоволни.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













