Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, зборуваше по победата на неговиот тим со 0-1 против Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.
„Емоциите се на толку високо ниво што тешко се анализира. Натпреварот беше тежок поради неверојатната атмосфера. Покажавме каков тим сме. Среќен сум, страдавме во одредени моменти од мечот. Можевме да постигнеме и втор гол, но не забораваме дека има и реванш кој ќе биде исклучително важен“, изјави Луис Енрике.
Оваа победа ги доближува француските шампиони до пласман во финалето на најпрестижното европско клупско натпреварување, каде што играа и во 2020 година.
„Работата на голманот е токму тоа — да спасува. Во полуфинале ви треба секој играч да биде на највисоко ниво. Двајцата голмани беа одлични. Не мислам дека искуството игра голема улога во вакви моменти, туку се чувствува енергијата на теренот“, додаде Енрике.
Реваншот во Париз е закажан за следната среда, 7 мај, а стратегот на ПСЖ знае дека ќе биде тоа уште една голема битка.
„Мораме да се подготвиме за секој мал детаљ за следниот натпревар, но знаеме дека ќе страдаме кога не играме на најдобро ниво. На нашиот стадион, со нашите навивачи, можеме да стигнеме до финалето. Тоа е нашата цел“, заврши Енрике.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













