Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ја изрази својата радост по драматичниот триумф по изведувањето пенали против Тотенхем во финалето на Суперкупот на Европа. Сепак, Шпанецот призна дека лондончани биле подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот.
„Искрено, тешко ми е објективно да го оценам овој меч. Подготовките ни траеја само 5-6 дена, па затоа е неверојатно што успеавме да триумфираме. Благодарност до навивачите кои нè поддржуваа од првата до последната минута. Драго ми е што им го вративме гестот со овој трофеј“, изјави Енрике.
Тренерот не сокри дека противникот им го отежнал натпреварот до максимум.
„Тотенхем одигра силен меч – беа посвежи и подобро подготвени од нас. Сепак, покажавме карактер и се боревме до крај. Не можам да кажам дали победата е целосно заслужена, но таков е фудбалот. Среќен сум заради нашите навивачи. Знам дека имаме уште многу за подобрување – секогаш барам повеќе од мојот тим.“
На прашањето за настапот на новото засилување, Лука Шевалие, кој направи грешка при вториот гол на Тотенхем, стратегот со насмевка одговори:
„Задоволен сум и од него и од целиот состав. Шевалие освои трофеј во првиот настап за ПСЖ.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













