Connect with us

Луис Енрике искрен по победата над Сити: „Можевме и да загубиме“

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, призна дека неговиот тим имал сериозни проблеми во второто полувреме од дуелот со Манчестер сити, и покрај конечната победа од 2-4.

Шпанскиот стратег беше задоволен од играта на својот тим во првиот дел, но предупреди дека високата предност не смее да создаде лажно чувство на сигурност.

„Тешко е да се каже нешто конкретно бидејќи натпреварот имаше многу различни моменти. Во првото полувреме го покажавме она што сакаме да го играме како тим. Но, не сакам да одиме на пауза со предност од 3-0. Повеќето луѓе мислат дека со таков резултат натпреварот е веќе решен, но тоа никогаш не е така. Дури и со малку помалку среќа, можевме да загубиме“, изјави Енрике.

Тренерот на францускиот шампион посебно се осврна на случувањата во вториот дел, кога Манчестер сити го засили притисокот и сериозно му се закани на домаќинот.

„Во второто полувреме многу се мачевме. Противникот заслужи да постигне повеќе голови. Ако немавме среќа, навистина можевме да го загубиме овој натпревар“, истакна Енрике.

И покрај триумфот од 4-2, шпанскиот стручњак јасно стави до знаење дека неговиот тим има простор за подобрување, особено кога треба да ја контролира играта во моменти на силен притисок од противникот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови