Connect with us

Луис Енрике го напушта ПСЖ?

Шпанскиот стратег Луис Енрике не планира да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен кој му истекува во јуни, барајќи нови предизвици во кариерата.

Главната причина за можна промена е желбата за нов професионален предизвик. Како слободен тренер по крајот на сезоната, Енрике би можел да се најде на листата на најатрактивни кандидати за водечките светски репрезентации кои по Светското првенство ќе бараат селектор за нов циклус.

Друг фактор е благо опаѓањето на формата на ПСЖ оваа сезона. Иако резултатите не се лоши, тимот не доминира како минатата сезона. Парижаните се моментално на второто место во француското првенство, со бод заостанување зад Ленс, додека во Лигата на шампионите се трети, зад Арсенал и Баерн Минхен.

Периодот на Енрике во Париз беше исклучително успешен. Во првата сезона ги освои домашното првенство, Купот и Суперкупот, но врвот дојде во сезоната 2024/25, кога ПСЖ ја освои првата, историска и долго очекувана Лига на шампионите. Со овој успех, Енрике стана еден од најпочитуваните тренери во историјата на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови