Сагата околу потенцијалниот трансфер на Луис Дијаз од Ливерпул во Баерн Минхен влезе во нова фаза. Колумбискиот репрезентативец му соопштил на раководството на „црвените“ дека сака да биде продаден, а веќе има начелен договор со германскиот гигант за петгодишен договор.
Сепак, Ливерпул останува непопустлив и не отстапува од барањата за трансферот. До сега, Баерн испрати две понуди.
Првата беше во вредност од 52 милиони евра и веднаш беше одбиена.
Втората понуда достигнала 67,5 милиони евра, но и таа е одбиена.
Англичаните бараат помеѓу 80 и 85 милиони евра, додека Баерн не сака да плати повеќе од 70 милиони, евентуално додавајќи до 10 милиони евра во бонуси и условни клаузули.
Луис Дијаз веќе одбил неколку понуди од Ливерпул за продолжување на договорот, сигнализирајќи дека бара нов предизвик во кариерата. Иако претходно беше во фокусот на Барселона, каталонскиот гигант се откажа поради високиот трансфер износ.
Има интерес и од Саудиска Арабија, особено од Ал-Наср и од Ал-Хилал, кои се подготвени да ги платат бараните 80 милиони евра. Но, Луис Дијаз сака да остане во Европа.
Во моментов, трансферот во Баерн Минхен изгледа како најреален исход, но финализацијата зависи од тоа дали Германците ќе ја зголемат понудата или дали Ливерпул ќе направи компромис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













