Connect with us

Лудило од Ел Класико: Барселона и Реал приредија спектакл за 2-2 на полувреме (ВИДЕО)

Барселона и Реал Мадрид приредија вистинска фудбалска драма уште во првите 45 минути од финалето на Суперкупот на Шпанија што се игра во Џеда, откако на полувреме резултатот гласи 2-2.

Каталонците први ја презедоа иницијативата и поведоа во 36. минута, кога Рафиња со прецизен удар од околу 15 метри ја смести топката во мрежата на Реал. До самиот финиш на полувремето темпото беше умерено и без многу опасности пред двата гола, а најдобрата можност за „кралевите“ ја имаше Винисиус Жуниор, кој по пробив по левата страна не успеа да го совлада сигурниот Жоан Гарсија.

Но токму Бразилецот во судиското надополнување ја искористи својата нова шанса – повторно продре по левата страна, влезе во казнениот простор и погоди за 1-1. Радоста на Реал траеше кратко, затоа што Барселона брзо возврати и преку Роберт Левандовски во 48. минута од првиот дел повторно поведе со 2-1.

Возбудувањата не завршија тука. Во самата завршница од продолжението, Гонзало Гарсија го најде патот до мрежата и му донесе ново израмнување на Реал, поставувајќи го конечниот резултат од првото полувреме – 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови