Манчестер јунајтед направи неверојатен пресврт (3-2) против Рома, откако се врати од негатива од два гола, додека Пари Сен Жермен приреди вистинска голеада на гостувањето кај Вилјареал, славејќи со убедливи 6-0.
„Црвените ѓаволи“ беа на работ на ново разочарување, откако Рома замина на пауза со предност од 2-0 на „Олд Трафорд“. Матијас Суле во 11. минута ја искористи лошата реакција на домашната одбрана, а Дониел Мален во 17. минута од пенал ја зголеми предноста на италијанскиот тим.
Сепак, во второто полувреме следуваше целосен пресврт на настаните. Бруно Фернандеш во 58. минута ја врати надежта на домаќините, реализирајќи пенал за 1-2. Манчестер јунајтед продолжи со офанзивата, а наградата пристигна во 83. минута, кога Матеус Куња ја искористи грешката на одбраната на Рома и израмни на 2-2.
Само три минути подоцна Куња повторно ја затресе мрежата и донесе целосен пресврт за огромна еуфорија на трибините. Со двата гола, Бразилецот можеби му ја спаси и тренерската позиција на Мајкл Карик, кој се најде под сериозен притисок.
Во самиот финиш Куња заработи црвен картон, па неговиот блескав настап доби и непријатна завршница. Сепак, навивачите на Јунајтед сигурно долго ќе ги паметат неговите два гола.
Интересно, ова е вторпат сезонава Рома да прокоцка предност од два гола во Лигата на шампионите. Претходно, против Реал Мадрид водеше со 3-1, но загуби со 3-4 на домашен терен. Сега имаше 2-0 на „Олд Трафорд“, но повторно остана без бодови.
За Манчестер јунајтед ова е втора победа сезонава во сите натпреварувања, но и прва по серијата од девет натпревари без триумф.
На „Ел Мадригал“ немаше никаква неизвесност. Пари Сен Жермен одигра фантастичен натпревар и го декласираше Вилјареал со убедливи 6-0, со што стигна до максимални 12 бода по четири одиграни натпревари.
Жоао Невеш, Дезире Дуе, Сени Мајулу и Фабијан Руиз се погрижија за вистинска голеада, при што Руиз подоцна повторно се запиша меѓу стрелците. Конечните 0-6 ги постави Боли во 78. минута.
Во дербито на вечерта, Баерн Минхен оствари голема победа на тешкото гостување во Мадрид, совладувајќи го Атлетико со 0-2.
По првото полувреме без голови, во кое баварскиот гигант имаше иницијатива и ја контролираше играта, но не успеа да ја материјализира предноста, германскиот шампион го зададе ударот во продолжението.
Ленарт Карл во 54. минута го проби отпорот на домаќините и донесе водство за Баерн, а Конрад Лајмер во 74. минута ја затресе мрежата на Атлетико и ги постави конечните 0-2, потврдувајќи го заслужениот триумф на гостите.
Барселона без поголеми проблеми ја совлада Астон Вила со убедливи 3-0, додека Интер со идентичен резултат славеше на гостувањето кај Феенорд, освојувајќи важни три бода.
ЛАСК го победи Слован Братислава со 4-0, а Бодо/Глимт и Лил ремизираа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













