Connect with us

ЛШ: ПСЖ убедлив, Лајпциг ги победи „граѓаните“ за влез во Лига Европа (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен го совлада Клуб Бриж со 4-1 на „Паркот на принцовите“ во Париз, но сепак како второпласиран ќе ја заокружи групната фаза во Лигата на шампионите. „Светците“ имаат 11 бода, а еден повеќе има Манчестер Сити кој вечерва загуби на гости од Лајпциг со 2-1.

Килијан Мбапе во турбо ритам во почна натпреварот, постигна голови во втората и во седмата минута, а потоа му асистираше и на Лео Меси во 38.минута. Аргентинецот стрелаше од 25 метри и уште тогаш ја обезбеди победата на ПСЖ.

Матс Ритс во 68.минута успеа да го совлада Донарума, а потоа Лионел Меси постигна уште еден гол од пенал.

Лајпциг го победи Манчестер Сити со 2-1 и го освои третото место во групата А со седум бода. Доминик Шобошлаи погоди во 24.минута, а Андре Силва зголеми на 2-0 во 71.минута. Шест минути подоцна Ријад Махрез го намали резултатот, но „граѓаните“ останаа со играч помалку поради исклучувањето на Кајл Вокер и на крајот загубија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови