Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, најави дека неговиот тим е подготвен за освојување на трофејот во Лигата на шампионите. „Светците“ вечерва гостуваат на „Камп Ноу“, а дел од нив се уште имаат непријатни спомени од елиминацијата во последните мигови на последниот двомеч.
„Овој ПСЖ е поинаков. Ќе биде тоа посебен меч и единствената маана е што „Камп Ноу“ нема да биде исполнет. Знаеме колку е важен овој дуел и наша цел е да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите. Мирен сум и опуштен. Не можеме да ја избришеме историјата, но можеме да ја промениме традицијата и да изградиме нешто добро за иднината на клубот“, изјави Покетино.
Лионел Меси се наоѓа во одлична форма, а тимот на Роналд Куман е во победничка серија во Ла Лига. Но, Лигата на шампионите секогаш е сосема друга димензија.
Пари Сен Жермен ја нема помошта на Бразилецот Нејмар кој е повреден и можеби ќе го пропушти и реваншот на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













