
Милан доживеа минимален пораз (1-0) од Феенорд во Холандија во првиот меч од плејоф рундата во Лигата на шампионите. „Росонерите“ не одиграа најдобро, а клучниот момент се случи уште во третата минута, кога грешката на голманот Мајк Мењан ја искористи Игор Паишао за единствениот погодок на натпреварот.
Баерн Минхен оствари важна гостинска победа против Селтик (1-2) во Глазгов. Германскиот шампион поведе со голот на Мајкл Олисе во 45. минута, а Хари Кејн зголеми на 0-2 во 49. минута. Селтик успеа да намали преку Даизен Маеда во 79. минута.
Бенфика, пак, славеше минимална победа на гости кај Монако (0-1), благодарение на погодокот на Вангелис Павлидис во 48. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона има четири опции за нов офанзивец

Млади репрезентации
Македонија У21 поразена од Белорусија на тестот во Анталија
