Connect with us

ЛШ: Динамо Загреб ја елиминира Омонија (ВИДЕО)

Хрватскиот првак Динамо Загреб оствари уште една победа (0-1) над Омонија и се пласира во следната рунда од квалификациите во Лигата на шампионите. И без капитенот Аријан Адеми, кој не играше поради повреда, „модрите“ остварија триумф на Кипар.

Стрелец на победничкиот гол беше Лука Менало во 79.минута. Стефан Ристовски беше стартер во тимот на Динамо Загреб. Хрватскиот клуб во следното коло ќе игра против Легија.

Малме одигра 2-2 на гостувањето против Хелсинки и се пласира во следното коло откако на домашен терен оствари триумф од 2-1.

Легија славеше со 0-1 на гости против Флора во Естонија и потврди дека е поквалитетен тим со оглед дека победи и дома со 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови