Connect with us

Лотито бара 100 милиони евра за Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ веќе подолго време се поврзува со бројни европски гиганти, но се уште е под договор со Лацио.


Манчестер Јунајтед и ПСЖ се заинтересирани за него, но претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, нема намера да го продаде ако нема понуда вредна 100 милиони евра. Според италијанските медиуми, Лотито нема да прифати ништо под тоа.

Лотито сака неговиот Лацио да направи пробив во претстојните сезони и смета дека играч како Сергеј треба да остане на „Олимпико“, а ќе си замине само во случај на понуда од 100 милиони евра.

27-годишниот Србин сезонава постигна 11 гола и додаде 12 асистенции на 47 натпревари и заедно со Чиро Имобиле беше клучен играч на „небесносините“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови