Сè уште траат реакциите по контроверзната прослава на Вардар по победата над Струга Трим Лум, но во таборот на новиот шампион веќе се насочени кон последниот натпревар од сезоната против Шкендија.
Иако дуелот нема резултатско значење и ќе има повеќе ревијален карактер, Вардар се соочува со сериозни кадровски проблеми пред завршниот меч.
Лоши вести пристигнуваат од медицинскиот тим, откако Михаил Маневски заработил скршеница на стапалото и сигурно нема да настапи. Надвор од комбинација е и Дарко Велковски, кој има повреда на мускулот.
Дополнително, тимот остана и без Фаустин, кому му истече договорот со клубот. Тој веќе го напуштил тимот и нема да биде дел ниту од последниот натпревар сезонава, ниту од шампионската прослава на „црвено-црните“.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













