Лоренцо Инсиње би можел изненадувачки да се врати во Неапол. Иако имаше најави дека е многу блиску до потпис со Лацио, со оглед дека има одлични односи со Маурицио Сари, сепак, италијанските медиуми најавуваат поинаков расплет.
На „парнетопеите“ им бил предложен поранешниот капитен, кој е подготвен да потпише договор до крајот на сезоната со опција за уште една година, притоа прифаќајќи и пониска плата.
На Наполи ова му одговара затоа што ќе може да го регистрира како фудбалер кој израснал во клубот и да го вклучи на А-листата.
Преговорите се во тек, иако сѐ уште не се исклучува можноста Инсиње да заврши и во Лацио.
Наполи се интересира и за Даниел Малдини, синот на легендарниот Паоло Малдини, како и за Џоване, напаѓачот на Верона, но реализацијата на овие зделки зависи и од продажбите на Ноа Ланг и на Лоренцо Лука.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













