Селекторот на Катар, Хулен Лопетеги, не ги криеше емоциите по ремито 1-1 против Швајцарија во првото коло од групната фаза на Светско првенство 2026.
Освоениот бод има историско значење за Катар, бидејќи тоа е прв бод за оваа репрезентација во историјата на настапите на светските првенства.
„Горд сум на мојот тим. Им кажав на играчите дека дури и да не постигневме гол и да не освоевме бод, повторно ќе бев задоволен од нивниот пристап, дисциплина и посветеност што ги покажаа денес. Но, за среќа, успеавме да постигнеме гол и тоа ќе остане запишано во историјата. Понекогаш имавме и малку среќа, но за да успееш и во животот и во спортот, мора да веруваш и напорно да работиш. Затоа сум пресреќен за нашите фудбалери“, изјави Лопетеги.
Шпанскиот стратег нагласи дека самиот пласман на Светското првенство бил исполнување на еден сон, а историскиот бод претставува нов значаен чекор.
„Кога дојдовме тука, остваривме еден сон – да бидеме дел од Светското првенство. Првиот освоен бод во нашата историја на мундијалите е уште еден мал сон што го реализиравме. И имаме право да продолжиме да сонуваме. Веруваме, работиме, се бориме и покажуваме издржливост. На крајот добивме голема награда за нашиот труд.“
Лопетеги објасни и зошто неговиот тим останал доследен на првичниот план во текот на натпреварот.
„Направивме многу малку промени затоа што моравме да останеме верни на нашиот план. Ако премногу рано се отворите против тим како Швајцарија, можете скапо да платите. Нашите играчи понекогаш имаат потреба од повеќе време за да се прилагодат на ваков ритам на натпревари. Сега мораме да вложиме огромни напори за добро да се опоравиме и да бидеме подготвени за следниот голем предизвик.“
На крајот, тој порача дека неговата селекција нема намера да застане тука.
„Ќе биде тешко, навистина тешко. Но ќе продолжиме да се бориме и да го заслужиме своето место на ова Светско првенство“, истакна Лопетеги.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













