Connect with us

Ливерпул во неверување: Конате бара плата иста како Ван Дајк и Салах

Ливерпул и Ибрахима Конате преговараат за нов договор на Французинот речиси 18 месеци. Сегашниот договор на централниот дефанзивец истекува следното лето, а двете страни се уште многу далеку од согласност. Сам Конате сака клубот да го третира како еден од најдобрите играчи во тимот и поради тоа инсистира на плата слична на онаа на најплатените фудбалери во Ливерпул, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.


Раководството не е подготвено да му ја понуди таквата плата.

И покрај слабиот старт на Конате сезонава, во клубот сè уште гледаат на него како на еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па затоа нема да ги повлечат понудите што му ги упатиле досега.

Реал Мадрид беше поврзуван со Французинот, но според последните информации, „кралскиот клуб“ се откажал од негово ангажирање. Пари Сен Жермен исто така покажува интерес.

Следниот месец Конате ќе може да преговара со странски клубови доколку сè уште не го продолжил договорот. Дури и во оваа неизвесна ситуација, на „Енфилд“ не планираат да го продадат во зимскиот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови