Ливерпул влезе во официјални преговори со Борнмут околу можниот трансфер на Антоан Семењо, објавуваат медиумите од Англија. Според истите извори, раководството на „црвените“ сериозно ја разгледува можноста да ја активира откупната клаузула во договорот на офанзивецот.
Се наведува и дека за време на разговорите со Мохамед Салах, египетската ѕвезда била запознаена со планот на клубот да доведе крилен фудбалер кој може подеднакво добро да настапува на двете страни во нападот.
Семењо, кој има 25 години, е член на Борнмут од јануари 2023 година. Во тековната сезона има настапено на 15 натпревари, при што постигна шест погодоци и запиша три асистенции.
Во неговиот договор е вклучена клаузула од 65 милиони фунти, која може да биде активирана исклучиво во првите две недели од јануарскиот преоден рок.
Покрај Ливерпул, силен интерес за крилниот напаѓач на Борнмут покажува и Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













