Connect with us

Ливерпул тргнува по стопер на Реал, но Шпанецот сака да остане на „Бернабеу“

Ливерпул до крајот на летниот преоден рок би можел да реализира уште еден звучен трансфер, а овојпат вниманието на англискиот гигант е насочено кон дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио.

Според англиските медиуми, веќе биле воспоставени првични контакти меѓу двете страни, а иницијативата дошла од претставниците на 23-годишниот стопер, кои му ја претставиле на Ливерпул можноста за негов трансфер.

Во меѓувреме, од Мадрид пристигнуваат информации дека Реал нема ништо против да го продаде Асенсио доколку добие понуда што ќе ги задоволи клупските барања. Тоа дополнително ги засили шпекулациите дека младиот дефанзивец би можел да ја промени средината уште ова лето.

Сепак, конечната одлука нема да зависи само од клубовите. Желбата на Асенсио е да остане во Реал Мадрид и да се избори за своето место во тимот, и покрај силната конкуренција во одбраната.

Неговата ситуација дополнително се искомпликувака откако тренерот Жозе Мурињо му соопштил дека во моментов не смета сериозно на него за претстојната сезона. И покрај тоа, шпанскиот фудбалер нема намера лесно да се откаже од борбата за место на „Сантијаго Бернабеу“ и верува дека со своите настапи може да го промени мислењето на португалскиот стратег.

Од друга страна, Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира доколку се отвори реална можност за договор. Останува да се види дали желбата на Асенсио да остане во Мадрид ќе надвладее или, сепак, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови