Ливерпул доживеа нов тежок пораз во Премиер лигата, откако загуби со 1-2 од Вулверхемптон во 29-тото коло. Победничкиот гол за последнопласираниот тим во лигата го постигна Андре во четвртата минута од судиското продолжение, носејќи три бода за домаќините.
Ова е петти пораз на Ливерпул во сезоната, кога тимот прими гол по 90-та минута, што претставува уникатен рекорд во историјата на Премиер лигата, Ниту еден друг клуб не доживеал толку последноминутни порази во текот на една сезона.
Претходните слични неуспеси на „црвените“ дојдоа против: Манчестер сити (1-2) во 25-тото коло, Борнмут (2-3) во 23-тото коло, Челзи (1-2) во седмото коло и Кристал Палас (1-2) во шестото коло.
По овој пораз, Ливерпул се наоѓа на петтото место на табелата со 48 бода, додека Вулверхемптон останува на последната 20-та позиција со 16 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













