Ливерпул е освојувач на трофејот во ФА купот на Англија откако славеше по подобро изведување пенали (6:5) против Челси на „Вембли“. Во регуларниот тек, а и по 120 минути, мечот заврши без голови.
Седмата серија беше пресудна за Ливерпул да слави нов трофеј. Алисон Бекер го одбрани шутот на Мејсон Маунт, а Костас Цимикас реализираше за конечна победа.
Претходно, капитенот Цезар Аспиликуета не успеа да реализира пенал за Челси, погоди во стативата, но во петтата серија и Едуард Менди го одбрани ударот на Садио Мане.
Во текот на натпреварот, Јирген Клоп поради повреда ги повлече од игра двајцата најдобри фудбалери, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













