Ливерпул го направи првиот конкретен чекор за ангажман на Бредли Баркола, но наиде на експресно „не“ од Пари Сен Жермен.
Според францускиот „Л’Екип“, англискиот шампион испратил усна понуда вредна околу 100 милиони евра, која без двоумење била одбиена од францускиот првак. Сепак, преговорите не се прекинати и двете страни продолжуваат да бараат заедничко решение.
Баркола е една од главните трансфер цели на Ливерпул до крајот на летниот преоден рок, но ПСЖ нема намера лесно да се откаже од 23-годишниот крилен напаѓач. Парижаните ја проценуваат неговата вредност на повеќе од 150 милиони евра, сума што вклучува фиксно обесштетување и дополнителни бонуси.
На „Енфилд“ сметаат дека таквата цена е превисока и се надеваат дека преку преговори ќе успеат значително да ги намалат барањата на францускиот клуб.
И покрај тоа што има договор со ПСЖ до летото 2028 година, Баркола е отворен за преселба во Премиер – лигата. Француските медиуми тврдат дека тој веќе постигнал начелен договор со Ливерпул околу личните услови и дека трансферот на „Енфилд“ е негов приоритет доколку го напушти Париз.
Главната причина за неговото незадоволство е желбата за поголема улога во најважните натпревари, нешто што тренерот Луис Енрике не може да му го гарантира поради силната конкуренција во нападот.
Во преговорите активно е вклучен и агентот Муса Сисоко, кој се обидува да најде решение прифатливо за сите страни. Не е исклучено во разговорите директно да се вклучи и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, што би можело да биде клучно за евентуален договор.
Баркола пристигна во ПСЖ од Лион во 2023 година за околу 45 милиони евра, а во меѓувреме се етаблира како француски репрезентативец и еден од најперспективните крилни напаѓачи во Европа.
Иако првата понуда на Ливерпул беше одбиена, трансфер-сагата е далеку од завршена. Англискиот клуб не се откажува, ПСЖ останува цврст во своите барања, а самиот Баркола се надева дека клубовите ќе најдат заеднички јазик пред затворањето на преодниот рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













