Connect with us

Ливерпул остана без уште еден играч до крајот на сезоната

Лоши вести пристигнуваат од Ливерпул, со оглед дека десниот бек Конор Бредли најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната. „Црвените“ потврдија дека Бредли заработил сериозна повреда на коленото на ремито 0-0 против Арсенал на „Емирати“ минатата недела.


Фудбалерот се лизна на тешкиот терен, го изврти левиот глужд, и мораше да биде изнесен од теренот на носилка.

Медицинските прегледи покажаа дека предните вкрстени лиганенти не се скинати, но се утврдени оштетувања на коскената структура и лигаментите во левото колено, што ќе бара хируршка интервенција.

Очекувањата се дека Бредли ќе биде опериран во следните денови, по што ќе следува рехабилитација. Сè уште не е јасно кога точно ќе се врати на теренот, но најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.

Ова е уште еден удар за менаџерот Арне Слот, кој веќе се соочува со повреди на летните засилувања Џовани Леони и Александер Исак, кои исто така ќе го пропуштат остатокот од сезоната. Иако има надеж дека Исак би можел да се врати во април или мај, но Ливерпул најверојатно нема да ризикува со неговото враќање.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови