Деветгодишната ера на Мохамед Салах во Ливерпул се чини дека се ближи кон крајот. Египќанецот на крајот од минатата година влезе во конфликт со клубот, а неговото заминување следното лето изгледа сè повидливо.
Раководството на „црвените“ не губи време и веќе, како што се чини, ја пронајде неговата замена во редовите на Барселона, во младиот и извонредно талентиран Руни Барџи (20), за кого се подготвуваат да понудат 50 милиони евра, пишуваат повеќе англиски медиуми.
Овој потег не е случаен. На „Енфилд“ се речиси сигурни дека Салах ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, па интензивно бараат млад, експлозивен играч со потенцијал да ја пополни големата празнина што Египќанецот ќе ја остави. Тука во приказната влегува Барџи, кој, и покрај споредната улога во Барса, покажа блесоци на генијалност што не останаа незабележани.
Руни Барџи пристигна во Барселона минатото лето од Копенхаген за симболични 2,5 милиони евра, според денешните стандарди. Неговата прва сезона на „Камп Ноу“ беше во знакот на адаптација и жестока конкуренција, бидејќи на неговата позиција игра Ламин Јамал, еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Иако е роден во Кувајт, Барџи е шведски репрезентативец и веќе забележал три настапи за сениорската репрезентација и 11 нстапи за У21-тимот.
Сепак, секогаш кога добивал шанса, младиот Швеѓанец ја искористувал. Особено се истакна на најголемата сцена, во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп против Атлетик Билбао, каде во победата од 5-0 постигна гол и забележа асистенција. Тој спектакуларен настап веднаш го стави на листите на скаути од најголемите европски клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













