Ливерпул се очекува да биде активен на трансферниот пазар во јануари. Се очекува „црвените“ од Мерсисајд да се обидат да ангажираат централен дефанзивец и офанзивен фудбалер, иако сè уште не е јасно колку средства клубот е подготвен да издвои по трошоците направени во летниот преоден рок.
Капитенот на Кристал Палас, Марк Гехи, е трансферна цел број еден, но за него интерес покажуваат и низа европски гиганти, особено поради фактот што неговиот договор истекува за шест месеци. Последните информации говорат дека Ливерпул и Баерн Минхен се подготвени да достават сериозна понуда уште во јануари.
Борбата за Антоан Семењо исто така е жестока. Фудбалерот на Борнмут е на радарот на сите водечки клубови во Англија. Ливерпул се надева дека ќе успее да го доведе во своите редови, но во овој момент се чини дека Манчестер Сити е фаворит за неговиот потпис. Клубот од „Енфилд“ сака да ја засили офанзивата, особено поради сериозната повреда на Александар Исак и неизвесната иднина на Мохамед Салах.
Ливерпул има подготвено и резервна опција доколку не успее да го ангажира Семењо. Клубот го насочи вниманието кон Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.
Англиските медиуми дури тврдат дека „црвените“ веќе оствариле контакти со претставниците на играчот. 23-годишниот фудбалер има договор со Борусија до 2027 година, а германскиот клуб за него бара околу 70 милиони евра. Сепак, според медиумите од Англија, Ливерпул би можел да го доведе за значително пониска сума.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













